Сезона е на венчавки, а едно од најчестите прашања е на која рака се носи бурмата и вереничкиот прстен

Вереничкиот и венчалниот прстен се универзално признати како симболи на вечна љубов и посветеност. Но, дали некогаш сте се запрашале на кои раце треба да се носи овој традиционален прстен и зошто?

Традицијата на размена на венчални прстени датира од антички Египет, античка Грција и антички Рим. И во тој период бурмата се носела на четвртиот прст од левата рака бидејќи се верувало дека на овој прст има вена која оди директно до срцето, а овој орган се смета за емотивен центар на телото. Оваа вена, наводно, била наречена од старите Римјани „vena amoris“ (на латински „вена на љубовта“.) Меѓутоа, за жал, сега е познато дека не постои вена што оди од четвртиот прст до срцето.

Традицијата на носење венчален прстен на четвртиот прст од левата рака останала до денес.

Advertisement

Ако не сакате да ја следите традицијата, не сте должни, се разбира. Но, тоа е еден од универзалните начини за другите луѓе да знаат дека сте зафатени.

Вереничкиот прстен го симболизира ветувањето за брак, Бурмата само го зајакнува. За време на свадбената церемонија, вереничкиот прстен обично се пренесува на десната рака, па можете бурмата да ја ставите на левата страна.

Advertisement