Првиот ред до морето е особено скап.

Грција и ова лето останува една од омилените дестинации за нашите туристи, но цените на плажите во популарните летувалишта често знаат непријатно да ги изненадат гостите. Додека дел од туристите бараат што поевтино сместување и храна, многумина внимателно пресметуваат колку ќе ги чини уживањето на плажа, особено кога станува збор за лежалки и позиции во првиот ред до морето.

Едно од местата кое е многу популарно меѓу туристите е и Неа Флогита на Халкидики, позната по долгата песочна плажа и големиот број бич-барови. Сепак, за најдобра позиција покрај морето потребно е да се одвои сериозна сума пари.

Според информациите од терен, цената за сет лежалки во првиот ред покрај брегот достигнува околу 30 евра, додека за вториот ред треба да се платат околу 20 евра. За сите останати редови, најчесто не е потребна дополнителна доплата, туку е доволно да се нарача пијалак во локалот.

Advertisement

Еден од коментарите на Инстаграм страницата Nikana.gr гласи: „Грција оваа година претера со цените.“

Advertisement