Тајната, верувале или не, се крие во вашата кујна и чини навистина малку. Обидете се!

Со еден трик вашата црна облека нема повеќе да изгледа избелено и износено. Тајната се крие во вашата кујна.

Биберот е незаменлив зачин кој го подобрува вкусот на сите јадења, го забрзува метаболизмот, ги намалува болките и отеченоста на зглобовите и целокупно позитивно влијае врз здравјето.

Но, дали знаете дека тој е одличен сојузник и во перењето на темната облека?

Advertisement

Каква е постапката?

Потребна ви е само една кафена лажичка бибер во прав (околу 5 грама).

Додадете го биберот во машината за перење во која претходно сте ја ставиле црната облека и пуштете ја на вообичаената програма.

Биберот има моќ да ги излупи остатоците од детергентот на облеката поради кои црната облека изгледа избледено. Црната боја на овој зачин дополнително ќе ѝ даде темна нијанса на вашата облека.

Не плашете се, на крајот нема да има остатоци од бибер на вашата облека.

Advertisement