Овие 4 состојки кои сите ги имате во кујната можете брзо и лесно да ги претворите во вкусни лепчиња

Рецепт за брзи лепчиња со само 4 состојки : брашно, масло, топла вода и сол. За еден час се меси, растегнуваат и се печат, а може да се јадат и во солена и во слатка варијанта.

Состојки:

  • 620 гр брашно
  • 400 мл вода
  • 1 лажица сол
  • 5 лажици масло

Подготовка:

Advertisement

Во врелата вода посолете и измешајте, па просејте 600гр брашно, полека сипете вода и измешајте, прелијте со масло и продолжете со мешањето. Кога масата ќе стане поцврста, замесете тесто. Потоа тестото поделете го на 12 дела, секој дел обликувајте топче, посипете го со малку брашно и оставете го да отстои околу 10 минути. После тоа, развлечете го секое топче во круг со големина на дланка. на крај испржете ги во тавче, печете една минута, па свртете 15 секунди и потоа вратете ги на првата страна и оставете додека не надува пунџата. Испечените лепчиња премачкајте ги со путер. Пријатно!

Advertisement