Модерните машини за перење имаат голем број корисни функции, а една од нив збунила една жена, која на Твитер побарала појаснување.

„Луѓе, што значи пеперутката на машината за перење? Барам ретвит“, напиша таа и доби многу коментари, пишува магазинот Сити.

Помеѓу многуте хумористични одговори кои ја објаснија оваа икона на машината како „пеперутки во стомакот“, имаше и такви кои навистина ја знаат нејзината намена, а тоа е програма за перење нежни/чувствителни алишта (свила, завеси…)

Програмата „пеперутка“ не е за многу валкани работи бидејќи трае многу кратко (што зависи од производителот). Служи само за омекнување со млака вода и има минимално центрифугирање.

Advertisement

Advertisement