Секој од нас има сеќавање на едно детско јадење кое било популарно во стара Југославија. Една од нив е слатката зелка без месо според рецептот што ви го пренесуваме во продолжение. Ако сè уште не сте го направиле, ќе видите колку е едноставно.

Состојки:

  • 1 главица зелка
  • 1 шолја домати од шише
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • свеж магдонос, сол
  • 2 чешниња лук

Прелив:

  • половина лажица брашно
  • малку масло,
  • мелена и изматена лута пиперка

Подготовка:

Advertisement

Морковот и кромидот ситно се сечкаат и се пржат во тава со малку масло. Исечете ја зелката и додадете ја во тенџерето. Истурете вода и оставете да се готви околу половина час. Додадете ги доматите од шишето. Додадете сол. Во тавче ставете малку масло и половина лажица брашно и пропржете го, по желба додадете мелен пипер и малку лута пиперка и со неа пропржете ја зелката. Нежно промешајте. На крајот додадете лист магдонос.

Advertisement