Родена е во Рим како ќерка-единица на прочуен сенатор. Привлечена од љубовта Христова не сакаше да стапи во брак како што сакаа нејзините родители, па за да ја избегне мажачката побегна од дома тајно, заедно со своите две робинки, па отиде на островот Коа во местото Милас. Овде основа обител на девици што се подвизуваа во христоуподобувањето. Иако беше жена, имаше машка издржливост во постот, молитвата и бдеењето. Често стоеше на молитва по цела ноќ. Беше облечена посиромашно од сите сестри, а врз лебот што го јадеше често истураше пепел од кадилницата. Во мигот на смртта (455 г.) над манастирот се појави прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината, посјаен од сонце. Од нејзините мошти мнозина болни добија исцеление. Нејзините робинки го следеа примерот на својата игуманија и кога умреа беа погребани, според нивната желба, крај нозете на блажената Ксенија.

Верниците и денес го посетуваат гробот на преподобната Ксенија Римска, бидејќи се верува дека нејзините мошти носат исцеление на секоја болест, но и среќа на оние кои ги допираат.

Молитва на празникот Света Ксенија Римска

„Во тебе, мајко, божеството сигурно е спасено, бидејќи со примањето на Крстот си го следела Господ Христос, со своите постапки научи да го презираш телото, сакајќи повеќе за душата на бесмртните нешта, затоа и со Ангелите Света Ксенија, ти се радува духот“.

Advertisement

Со оглед на тоа што е голема светица која цел живот се борела за правото на жените сами да одлучуваат што да прават со својот живот, Ксенија сè уште важи за покровителка на понежниот пол. Затоа дамите денес треба да се воздржуваат од каква било работа, особено онаа поврзана со куќата.

Исто така, се верува дека овој светец е многу поволен кога станува збор за желби и планови поврзани со работата – затоа, ако имате дилеми, сомнежи, ако нешто ве мачи во врска со работата, ако ви треба вера и надеж дека ќе успеете во нешто. , или што – само молете се на овој светец.

Advertisement