Причините за дијареа можат да бидат различни




Сепак, најпроблематична работа е патничката дијареа или дијареа која се јавува додека сте на одмор. Освен што прави да се чувствуваме немоќни, овој здравствен проблем прави да се чувствуваме вознемирени и фрустрирани.




Па, како да спречиме тоа да ни се случи?
1. Не јадете ништо што содржи шеќери и млечни масти. Откажете се од млекото, јогуртот и сите млечни производи неколку дена пред патувањето и секако за време на патувањето.




2. Подгответе си супа која не е мрсна. Се препорачува супа од кесичка која ќе ви помогне да не дехидрирате, а ќе биде највкусна од сите намирници. Доколку се плашите од дехидрација за време на патувањето, понесете раствор од гликоза и електролити кои можете да ги набавите во сите аптеки.




3. Јаболкото ќе ви помогне во борбата против дијареата, но не во состојбата во која вообичаено го јадеме. Изрендајте го и оставете го да отстои околу еден час. Ќе ја промени бојата, но не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. Јадете го и ќе видите како ова корисно овошје ќе ви помогне да го смирите вашиот стомак.




4. Водата е незаменлив дел од третманот. Пијте многу течности во мали количини




5. Кафе против дијареа: Уште од античко време знаеме дека кафето е најбрзо дејствувачки начин да се запре дијареата од сите лекови. Измешајте една лажица кафе и една лажица шеќер и изедете го. Можете исто така да измешате кафе со неколку капки лимон.
Една кафена лажичка сирово кафе на празен стомак, штом ќе започне дијареата, ќе биде одлично решение да ја прекинете. Ова ќе биде непријатно.




6. Таблети за дијареа: Лековите за дијареа може да се набават во која било аптека и се достапни без рецепт. Лековите за дијареа се за краткотрајна употреба, максимум два дена, а вашата дијареа се очекува да престане многу брзо.











