Крцкањето на зглобовите на прстите е навика која многу луѓе ја имаат и која може да биде штетна.




Често се смета дека крцкањето со прстите може да доведе до треперење на рацете во староста.
Прстите се направени од коски, меѓу кои има зглобни тела, лигаменти, фиброзни мембрани и зглобна маст наречена синовијална течност. За полесно да се движат прстите, покрај сало, во зглобовите има и воздух.




Кога има поголема концентрација на воздух во зглобот, се слуша карактеристичен звук со нагло свиткување на прстите. Последните радиолошки истражувања покажаа дека како резултат на крцкање на прстите може да се истегнат лигаментите.
Докторот Карл Крушелнички предупредува дека оваа навика во младоста може да резултира со ослабена подвижност на рацете и намален стисок во подоцнежниот живот. Луѓето кои редовно ги пукаат зглобовите на прстите може да изгубат до 75 проценти од стисокот или да не можат да отворат тегли толку лесно како што стареат.




Круселнички упатува на студија во која учествувале 300 испитаници кои имале навика редовно да ги пукаат зглобовите 35 години.




– Иако некогаш се веруваше дека оваа навика може да предизвика артритис, тоа не е научно докажано. Напукнувањето на зглобовите може да доведе до нивно мало отекување, но клучниот проблем што се јавува како резултат кај 75 проценти е ослабениот стисок – вели тој.




Овој експерт објаснува што се случува кога ќе го повлечете прстот за да го слушнете пукањето на зглобот.




– Тогаш се зголемува просторот меѓу коските, што влијае на лигаментите и создава вакуум. Но, ослободената енергија е само седум проценти од она што е потребно за оштетување на ‘рскавицата.











