окторката вели дека чекориме кон пандемија во која бактериските инфекции, кои не беа сериозна закана, бидејќи ги имавме антибиотиците како силно оружје, сега веќе ги губиме, а со тоа и битката со бактериските инфекции.

Доктор Катерина Игневска, микробиолог од „Жан Митрев Клиник“, посочува дека многу брзо ќе се соочиме со инфекции предизвикани од микроорганизми на кои достапните антибиотици воопшто нема да делуваат. Докторката појаснува дека чекориме кон пандемија во која бактериските инфекции, кои не беа сериозна закана, бидејќи ги имавме антибиотиците како силно оружје, сега веќе ги губиме, а со тоа и битката со бактериските инфекции. Граѓаните треба да имаат на ум едно правило, односно совет – со превентивното пиење на антибиотиците се создава катастрофална ситуација, која со себе носи огромна отпорност и нивно неделување.

Микробиологот Игневска вели дека постојат протоколи за тоа кога и кај кои пациенти се дава антибиотик превентивно. Во прашање се специфични процедури, кои се изведуваат во болница, а при ваков случај се знае точно кој антибиотик, кога, во која доза и колку долго треба да се прима за да се смета за превентива. За жал, во денешницава, достапноста на антибиотиците и нивното превентивно пиење во домашни услови, особено оние од широкоспектарен тип (а, кои вообичаено се даваат само во болниците), се создава иреверзибилна катастрофална ситуација, која со себе носи огромна отпорност и неделување на постоечкиот арсенал антибиотици.

Докторката нагласува дека исклучиво бактериските инфекции се лекуваат со антибиотик. Но, ова како да се заборави, па иако согласно етиологијата на ковид-пневмонијата – каде што причинителот е вирус, прв лек кој се пишува како третман е токму антибиотик. Во однос на пробиотиците, доколку постои краткотраен курс на антибиотска терапија и не е неопходно да се зема пробиотик, истото може да се постигне и со природните пробиотици, кои ги има во секојдневната исхрана, на пример, јогурт. Но, доколку станува збор за подолготрајна антибиотска терапија со антибиотик со широк спектар на дејство, тогаш земањето пробиотик е оправдано, вели д-р Игневска.

Advertisement

Доктор Игневска потенцира да не заборавиме дека покрај користа, кога се дадени соодветно, односно тогаш кога е неопходно, антибиотиците имаат и бројни несакани ефекти. Тие може да предизвикаат токсични реакции, реакции на преосетливост, една од позначајните во моментов – механизми на резистенција и креирање на мултирезистентни бактериски соеви, и секако многу значаен постантибиотскиот колит – кој може да доведе до многу сериозна здравствена состојба..

Познато е дека граѓаните бараат од своите лекари да им препишат антибиотик превентивно, ги купуваат и ги пијат на своја рака, но и тука д-р Игневска е децидна. Доколку пациентот ја доверил грижата за здравјето кај тој лекар, треба да го испочитува неговото знаење, искуство и совети, секако за негово добро. За пациентите добар лекар е тој што ќе им даде антибиотик. Но, всушност умешноста на лекарот се состои во тоа да му објасни на пациентот кога му е потребен антибиотик и да го предупреди кои се позитивните и негативните страни, односно штетата од непотребното земање на антибиотици. Улогите на доктор – пациент се јасно поделени. Не се пациентите тие кои треба да бараат терапија, туку напротив, тие доаѓаат за совет и објаснување кај својот лекар.

Што се однесува до дeцата што примаат антибиотици во комбинација со кортико-препарати, потребно е да внесуваат витаминска исхрана, советува микробиологот и додава дека кај децата исхраната е многу важна. Но, притоа треба да се води сметка и на калорискиот и на витаминскиот внес. Препорачливо е витамините да се внесуваат преку храната (кога е тоа возможно и достапно), на здрав начин без непотребно додавање на сирупи – витамини и суплементи. Притоа од големо значење е и постојаната нега и грижа за децата.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. За информации поврзани со Вашето здравје информирајте се или закажете на телефон 02 309 1484 во Клиниката „Жан Митрев“.

Advertisement