Петрос и Мирта ги разменија заветите за вечна љубов во единствено и оригинално опкружување – под вода, на дното на морето кај островот Алонисос. Ова е прва подводна венчавка на островот.




На церемонијата покрај брачниот пар, присуствувал и градоначачникот на Алонисос, сведоците, инструкторите по нуркање и подводен камерман.




Мирта носела венчаница, додека младоженецот по куси панталони, а останатите биле облечени во нуркачка опрема.




Кога дојде време за првиот бакнеж, двајцата ги извадиле маските, а церемонијата била пренесувана во живо на брегот каде што присуствувале роднините.
Advertisement
Advertisement











