Меѓу нас сигурно има и такви кои сакаат горко кафе, но повеќето сакаат да го пијат повеќе или помалку со шеќер и

Експертите велат дека треба да гледаме на малцинството кое пие горко кафе. Судејќи според истражувањата, млекото не треба ни да го ставаме во кафето бидејќи кога ќе се помеша со големи количини на кофеин се зголемува излачувањето на калциум во урината, а голема количина се таложи во цревата, пренесува Србијаданас.

Казеинот, кој се наоѓа во млекото кога ќе дојде во контакт со кофеинот, коагулира и создава гасови кои предизвикуваат надуеност, стомачни болки и абдоминални тегоби. Освен тоа, нутриционистите велат дека млекото во кафето го блокира метаболизмот и е главната причина поради која некој не може да ослабе.

Истото важи и за колачите со кафе, кои станаа многу популарни во последните неколку години. Кафето богато со слоеви крем и сируп достигнуваат астрономски количини на калории.

Advertisement

На пример, ваквото кафе во мала чаша може да содржи и до 300 калории, односно празни калории кои немаат хранлива вредност, со што ќе направи повеќе штета отколку корист.

Дури и ако го избегнувате овој вид кафе, веројатно е дека ќе полиете една до две лажички шеќер, а тоа не само што создава низа здравствени проблеми, како што се дијабетес и дебелина, туку и го расипува оригиналниот вкус на кафето.

Ако не сакате да пиете горко кафе, тогаш најдете алтернатива во природните засладувачи.

Advertisement