Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, понуди награда од еден милион долари за посебни информации.

Станува збор за информацијата каде се наоѓа баталјонот на шеикот Мансур и Дудаев за кој тврди дека им помага на украинските сили во конфликтот со Русија.

„Му нудам награда од еден милион долари (има покровител кој е подготвен да донира) на секој што ќе каже каде е таканаречениот баталјон на шеикот Мансуров и Дудаев“, рече Кадиров во аудиопораката на „Телеграм“.

Тој посочи дека баталјонот мора да биде уништен или неговите членови мора да клечат и да побараат прошка од својот народ, сите муслимани…“, пренесува „РИА новости“.

Advertisement

Агенцијата наведува дека Кадиров претходно ветил оти ќе разјасни со луѓето што побегнале од Чеченија, кои себеси се нарекувале баталјони на шеикот Мансур и Дудаев и ветилe дека ќе ѝпомогнaт на Украина во борбата против Русија.

Advertisement