На полиците на германските продавници одамна нема ниту брашно, ниту сончогледово масло. Во некои продавници кои имаат сончогледово масло се продава и до пет евра за литар.




Празни полици
На недостигот на намирници во германските продавници не му се гледа крајот. Податоците на Институтот за истражување на пазарот (ИРИ) покажуваат дека може да има недостиг на ориз.




Филијалите на Кауфланд, Алди и Лидл наскоро би можеле да се соочат со тешко снабдување и испорака на ориз“, според податоците на Институтот, пишува порталот fenix-magazin.de.
Германските медиуми наведуваат дека оризот заедно со тестенините и конзервираната храна е една од најбараните намирници.




Спаѓа во категоријата на поевтини намирници, долг е рокот на траење, а и хранливо богат. Амбалажата со ориз може да се купи за едно евро.
Според податоците на ИРИ, побарувачката за ориз била за 74 отсто поголема во март 2022 година во споредба со истиот временски период во 2021 година.




Според медиумите, зголемена побарувачка за оваа храна забележале и продавниците, но не би требало да има целосен недостиг на ориз.
Најголеми светски производители на ориз се Кина и Индија – земји кои не се погодени од војната во Украина.




Со други зборови, ако побарувачката продолжи да расте, повеќе ориз може да се увезе во Германија од овие земји.
Потрошувачите во Германија се силно свесни за последиците од украинско-рускиот конфликт. Освен енергијата, се чини дека поскапеа сите производи во продавниците.




Пред само неколку недели Лидл и Алди мораа да ги прилагодат цените на многу намирници, меѓу кои и млечни производи, но и разни видови кафе и чај. Германските медиуми наведуваат дека не се гледа крај на огромните скокови на цените.











