Оризот делува ефикасно за целиот наш организам.




Поради високата содржина на јаглени хидрати, оризот често добива лошо име, но нутриционистите и диететичарите се согласуваат дека оваа храна е всушност многу корисна за здравјето. Дури веруваат дека ако го консумирате редовно, многу ќе ја подобрите состојбата на вашето тело. Оризот има способност многу брзо да го снабдува организмот со енергија, тој е одличен извор на витамин Б1, а доколку се зема на посебен начин го нормализира нивото на шеќер во крвта.




Сепак, експертите откриваат и дека постои начин оризот да биде уште поздрав, а тоа е ако го оставите во фрижидер 24 часа по готвењето. Кинеските научници дојдоа до овој заклучок.




Во студија на кинески експерти од Пекинг се забележува дека ваквиот начин на користење на оризот помага за подобрување на функционирањето на гастроинтестиналниот тракт, а е од голема корист и за превенција од болести. Исто така, разладениот ориз многу им помага на луѓето кои страдаат од висок крвен притисок, како и на оние кои се борат со дебелината.




Факт е дека таканаречениот отпорен скроб се формира во варен ориз кој е добро изладен, што благотворно делува на човечкото тело. На овој скроб му треба подолго време за да се вари, така што нивото на шеќер во крвта ќе се зголемува побавно, притисокот ќе опадне, а чувството на ситост ќе трае подолго.




Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!











