Топлите периоди ќе бидат проследени со суши, иако тие годинава би требало да бидат поблаги од 2021 година.




Најпознатата светска метеоролошка служба AccuWeather објави летна прогноза за цела Европа.
Тој наведува дека Португалија, Шпанија и Италија ги чека жежок период со многу „кревања и падови на температурата“ во текот на целата сезона.




Секој топлотен бран во областа ќе трае една или две недели и ќе се карактеризира со рекордни температури, но тие треба да бидат прекинати со бавни бури што ќе доведат до пад на температурите и врнежи.




Летни горештини на Балканот
Јужниот дел на Европа го очекува рекордна топлина, со невреме. Слично како и минатото лето, градовите ширум Балканот оваа година може да очекуваат повеќе денови со температури над 32 Целзиусови степени .




Во Букурешт во 2021 година се забележани 35 дена со температури од или над 32 Целзиусови степени.
Слично беше и со Атина, каде што беше 67 дена со температура од најмалку 32 степени, што е значително над вообичаениот просек од 46 дена.




Метеоролозите на AccuWeather предвидуваат дека температурите оваа година ќе надминат 32 степени помеѓу 31 и 38 дена во Букурешт и помеѓу 55 и 63 во Атина .
Топлите периоди ќе бидат проследени со суши, иако тие годинава би требало да бидат поблаги од 2021 година.




Во втората половина на летото би требало да има повеќе грмежи отколку во првата. Сепак, тие веројатно нема да бидат доволно распространети за да ги запрат проблемите до кои ќе доведе сушниот период, пренесува Индекс.




AccuWeather наведува дека грмотевиците би можеле да бидат меч со две острици, во смисла дека ќе го ублажат периодот на суша до одреден степен, но дека ќе донесат сериозни временски непогоди, вклучително и бури што може да ги оштетат посевите на пченицата и пченката .
Летните горештини не треба да го погодат северниот дел на Европа колку јужниот дел, велат метеоролозите.











