Една неодамнешна студија на Харвард покажа дека јадењето храна која содржи многу пестициди може дури и да ги негира сите добри ефекти што ги имаат овошјето и зеленчукот, како што е заштитата од срцеви заболувања.




Многу од овошјата и зеленчуците што ги купуваме се третираат со пестициди, па затоа најдобро е да купите од некој што го познавате за да бидете сигурни дека тоа што го јадете е органско.
Но, не секој има услови да ги купи овие намирници од познаници, особено во поголемите градови, па се „осудени“ на она што се нуди во продавниците.




Меѓу овошјето и зеленчукот кои содржат најмногу пестициди се јагодите, спанаќот, кељот, јаболката, грозјето, црешите, праските и доматите.
Сега, новото истражување на непрофитната организација „Environmental Working Group“ покажа дека една јагода содржи дури 23 различни видови пестициди.




„Изложеноста на пестициди е поврзана со бројни негативни здравствени ефекти, вклучително и нарушување на хормоните, токсичност на мозокот и нервниот систем“, вели Синди Свенсон, аналитичар од Работната група за животна средина.
– Неодамна спроведена студија на Харвард покажа дека консумирањето храна која содржи многу пестициди може дури и да ги анулира сите добри ефекти што ги имаат овошјето и зеленчукот, како заштита од срцеви заболувања – додаде таа.




Свенсон објасни дека научниците утврдиле дека токсичноста е поголема ако се користи комбинација од два или повеќе пестициди, „и ова е алармантно бидејќи само една јагода може да има до 23 различни пестициди“.
Миењето на овошјето и зеленчукот со вода пред јадење е задолжително во оваа смисла, но научниците малку порано го открија најдобриот начин за чистење на овие намирници од пестициди.
Потопете ги во вода во која ќе додадете малку сода бикарбона и оставете да делува околу 15 минути.




После тоа добро исплакнете ја храната, вели Б92.
Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!











