Тој напомена дека најдоброто нешто во станот е што е на само 15 минути од центарот на градот и што метрото е пред зградата.

Пјеро Карготиќ од Хрватска на TikTok покажа како изгледа неговиот стан во Копенхаген чија кирија месечно плаќа 1.100 евра. Имено, тој сакаше да опише каков е станот и какви погодности добива, што би било незамисливо на Балканот , што ги има во неговата зграда.

Карготиќ е студент во Копенхаген, а на социјалните мрежи споделува интересни работи за животот во Данска . Тој особено го привлече вниманието со видеото во кое покажува како изгледа станот и зградата во која живее.

„Замислете да платите 1.100 евра за 32 метри квадратни во Копенхаген, но затоа го имам сето ова. Објектот е отворен пред точно три месеци, така што се е ново. Освен што имаме две заеднички кујни и два лифта на секој кат, имаме огромна тераса на врвот на зградата каде се одржуваат настани и забави“, започна тој со кадри од зградата.

Advertisement

На приземјето има перална со шест машини и четири сушари, а она што беше особено интересно за луѓето од Балканот е тоа што станарите од зградата имаат апарат од кој можат да позајмат правосмукалка, Play Station, караоке, VR очила и јога мат.

Во коментарите под видеото тие се пошегуваа дека доколку случајно овие уреди би биле достапни во зградите на Балканот, ќе исчезнат „штом кажете бисквит“.

„Има и грицки, ако сакаш да грицкаш, но ништо не правиш“, додаде Карготиќ набројувајќи ги погодностите.

Тој напомена дека најдоброто нешто во станот е што е на само 15 минути од центарот на градот и што метрото е пред зградата.

Advertisement