Крцкави однадвор, а сочни одвнатре – вистинска пролетна гозба.

Пролетните ролнички не се резервирани само за кинеските ресторани. Со неколку состојки и малку умешност, можете да ги подготвите и дома.

Крцкави однадвор, сочни одвнатре и преполни со вкус, идеални се за семејни собири, вечери со пријатели или едноставно уживање во кинеската кујна.

Време на подготовка:

Advertisement
  • 25 минути

Состојки:

  • 1 лажица масло
  • 2 моркови
  • 140 г свежа зелка
  • 1/2 црвена пиперка
  • 140 г грав (од конзерва)
  • 2 чешниња лук
  • 4 лажици светол соја сос
  • 1/4 лажичка бел бибер
  • 2 лажички пченкарно брашно
  • 2 лажици ладна вода
  • 10 кори за ролнички (оризова хартија или обични кори за пита)

Подготовка:

  1. Загрејте масло во длабока тава (обично или сусамово), па додадете рендан морков, рендана зелка и пиперка исечена на ленти. Кога ќе омекнат, додадете го гравот и ситно сечканиот лук. Промешајте, па додајте соја сос и бел бибер, па повторно измешајте.
  2. Измешајте ги брашното и водата така што нема да има грутчиња, па додајте ја смесата во зеленчукот и промешајте. Префрлете го филот во сад и оставете да се излади.
  3. Намокрете ја секоја кора за ролнички. Земете ја првата и свртете ја така што една од четирите страни да биде свртена кон вас. Ставете фил и малку завиткајте, потоа преклопете ги двете странични страни и продолжете со виткање. Кога ќе стигнете до последната страна, намокрете ја со вода за подобро да се залепи.
  4. На истиот начин направете ги и останатите пролетни ролнички. Пржете ги во тава со добро загреано масло додека не добијат златна боја.
Advertisement