„Една вечер мајка ми подготви вечера по напорниот работен ден. Пред татко ми стави чинија со јајца, салата и изгорен тост…

Веднаш забележав, изгорен тост… И, чекав да видам дали ќе се пожали на тоа, но татко ми почна да ги јаде, да се смешка и да ме прашува како го поминав денот на училиште…

Мајка ми се извини на татко ми за изгорениот тост. Никогаш нема да го заборавам неговиот одговор на тоа: “Душо, сакам тост!”

Подоцна, кога легнав и татко ми дојде да ме бакне за добра ноќ, го прашав дали навистина сака тост?

Advertisement

Ме прегрна и ми рече: „Твојата мајка имаше напорен ден и е навистина уморна. Таа се потруди да ни го подготви овој оброк, зошто да ја обвинуваме или да ја повредиме.

Изгорениот тост никогаш никого не повредил; но зборовите можат да бидат многу болни! ”

Мора да знаеме да го цениме она што другите го прават за нас, дури и ако тоа не е совршено, затоа што важна е намерата да направиме добро, а никој не е совршен…

Advertisement