Оливија има 140 килограми и на социјалните мрежи е позната како личност која има позитивен став кон своето тело




Оваа дама со облини и инфлуенсер на социјалните мрежи отворено проговори за својот љубовен живот и рече дека дури и зафатените мажи се обраќаат кон неа, пренесува „ The Sun “.




Оливија, која има огромен број следбеници на „Инстаграм“ и „Тик Ток“, неодамна објави видео во кое зборува за својот љубовен живот.




– Можеби мојот стомак изгледа како задникот да ми е напред, но никогаш не сум имала проблем да привлечам мажи – открила Оливија, родена во Канада.




Оваа девојка тежи 140 килограми, а низ социјалните мрежи стана позната по своите видеа и фотографии на кои промовира позитивен однос кон телото.




На Оливија не и е проблем да објавува фотографии од своето тело во бикини, а навикната е и на негативни коментари, против кои злобно се бори:




– Нема ништо поубаво од тоа кога ќе облечете бикини кога цел свет ве осудува – е нејзината реакција на погрдните коментари.












