Растот на косата може да се забрза иако многумина тврдат спротивно. Постојат неколку начини да го направите ова.

Експертите тврдат дека косата на просечниот човек расте за само 0,8 сантиметри месечно, а постојат неколку начини на кои можете да го забрзате овој процес, иако многумина го тврдат спротивното. Неколку врвни совети се однесуваат на производите што ги користите кога ја миете косата.

Затоа експертите советуваат да користите шампон и регенератор за посебен волумен, кои во исто време и даваат сјај на вашата коса или поточно ја храни и негува. Ваквите производи особено им се препорачуваат на луѓето со виткана коса, бидејќи таа најчесто е сува и полесно се крши.

Се што се случува со вашето тело и ум се рефлектира на вашата коса, па затоа е важно и што јадете. Ако почнете да се храните поздраво, вашата коса ќе ви се заблагодари и ќе стане побујна, па ќе изгледа многу поздраво. Вклучете квалитетни протеини и добри масти во вашата исхрана.

Advertisement

Јадете храна како авокадо, јаткасти плодови, овошје, зеленчук и лосос. По миењето, не ја завиткувајте косата во обична крпа. Посетете продавници со козметика и додатоци за нега на кожа, коса и тело и побарајте специјални крпи наменети за сушење на косата.На крајот, не ја „гушете“ косата со шампон.

Со други зборови, не ја мијте премногу косата. Ако го миете секој втор ден, користете повеќе регенератор отколку шампон и исплакнете го со ладна вода, бидејќи помага за раст на косата. Користете маска за коса и четкајте ја редовно, но правете го тоа многу нежно за да не ја оштетите, пишува Пулт

Advertisement