Напиток кој е одличен за борба против настинка и грип.

Пристигна постудено време, а со тоа и сезоната на настинки и грип. Секоја година се „бориме“ против болестите и се трудиме да го подготвиме телото за тешки, студени денови. За да го заштитите вашето тело за време на сезоната на вируси и грип, користете свежа храна во исхраната, најмногу овошје и зеленчук.

Затоа ви носиме рецепт за витаминска бомба која го зајакнува имунитетот, кардиоваскуларниот систем и е одлична во борбата против анемијата и заморот.

Состојки:

Advertisement
  • едно цвекло – одлично за детоксикација
  • три моркови – го зајакнуваат кардиоваскуларниот систем и се одлични за очите
  • половина корен од ѓумбир, излупен – одличен за детоксикација и здравје
  • Магдонос – заедно со моркови помага против анемија и замор
    300 мл вода

Подготовка

Зеленчукот исечкајте го и ставете го во блендер. Додадете 300 мл вода и соединете ги состојките. Процедете го сокот и испијте го наутро по станувањето, на празен стомак. Половина шолја од оваа витаминска бомба ќе ви помогне во борбата против грипот и настинката, пренесува Superwoman.

Advertisement