Многу е евтин и трае само 30 секунди.

Кога ќе ве прашаат како да ја одржувате миризливата бања, веројатно помислувате на разни спрејови, освежувачи и слични работи, но клучот всушност лежи во тоалетната хартија, откриваат експертите за одржување на домот.

Наместо да ја прскате бањата со разни освежувачи кои можат да имаат агресивен и силен мирис, земете ролна тоалетна хартија и едно етерично масло по избор – цитрус, нане, лаванда, роза…

Додадете пет капки во картонот, внатрешниот дел од ролатот (или повеќе ако сакате посилен мирис) и вратете го ролатот на држачот – и тоа е тоа! Освен што е многу евтин, овој трик ви одзема само 30 секунди време.

Advertisement

Не е потребно да додавате капки ден-два бидејќи мирисот секогаш кога ќе кинете парче хартија од ролната повторно се активира и се шири низ просторијата. Само повторете го процесот кога ќе земете нова ролна.

Само внимавајте маслото да не дојде во допир со хартијата, бидејќи есенцијалните масла можат да ја иритираат кожата, особено интимните делови каде што се користи хартијата, пренесува Reader’s Digest.

Advertisement