Се е некако мистериозно околу животот на поранешниот или доживотниот претседател на поранешната држава, дури и неговата смрт и случувањата по неговата смрт се обвиткани во мистериозни околности.

Имено, по неговата смрт на 4 мај 1980 година, сите предмети во сефот останаа запечатени, а кога сефот беше отворен, во него беа пронајдени некои многу вредни работи, пренесува „Балканпрес“.

Станува збор за депото број 555 во Народната банка на Србија. Сефот е отворен, а потоа повторно затворен.

Во трезорот на Тито, меѓу другото, беше и синиот сафир, кој наводно припаѓал на кралската династија Романови од Русија, орден што им припаѓал на Караѓорѓевиќ и други скапоцености.

Advertisement

Големо богатство имаше во тој сеф. Имаше уникатни ѓердани и накит кои припаѓаа на семејството Караѓорѓевиќ, рече еден од членовите на комисијата.

Во сефот на Тито имало:

29 366 килограми злато во прачки и прав1.271 парчиња нумизматички пари2.663 златници и дукати26.219 американски долари149 парчиња накит (припаѓале на семејството Караѓорѓевиќ)36.000 германски маркисиниот сафир на Романови83 парчиња манжетни за ракави, кутии цигари, медаљони, приврзоци и значки18 комплети сребрени садови

Ако никој од членовите на семејството или адвокатите не се присутни на отворањето на сефот, сè е јасно. Тоа е државна измама, смета Јошка Броз, внук на Тито.

Само кога ќе завршат судските постапки, јавноста ќе може да види што има во сефот 555, вели тој.

Advertisement