Ловорот уште од античко време се смета за свето растение и неговите својства се разновидни – од неговото влијание врз здравјето до благосостојбата што ја носи.

Нема некој што не слушнал за ловоров лист. Го користеа нашите мајки и баби, а го користиме и ние и ги правиме највкусните јадења на кои им дава посебен шмек.

Сепак, тоа не е единственото нешто што го прави ловоров лист. Илјадници години се смета за свето растение, а меѓу другото помага и при мачнина и регулација на шеќерот во крвта.

Исто така, доколку имате проблем со кашлањето, задолжително подгответе чај од ловоров лист, бидејќи ќе ви помогне.

Advertisement

Во античка Грција, ловоровиот лист се сметал за симбол на победа и успех во бизнисот, а ловоровите венци ги носеле победниците во различни битки и спортски натпревари. Сетете се на Олимписките игри.

Сепак, можеби не сте знаеле дека ловорот може да ја врати првобитната боја на облеката што случајно сте ја обоиле, додека постојат и бројни верувања кои тврдат дека ова растение помага да се привлечат богатство и среќа во куќата.

Според верувањата, ловоровиот лист е „моќен талисман“ на финансиската благосостојба, а еве како привлекува пари.

Ако ви претстои важен состанок, особено поврзан со финансиите, ловоровиот лист треба да го држите цело време во рака (можете да го ставите во календарот). Се верува дека ќе ви даде самодоверба и дека ќе донесе среќа.

Од друга страна, за секогаш да имате пари во паричникот, треба да ставите мал ловоров лист во него, бидејќи така ќе ви привлече нови сметки

Advertisement