




Во Австрија во последните месеци значително поскапеа прехранбените производи, па така најевтиниот вид брашно поскапе, дури за 127 отсто во споредба со годишно ниво, покажа истражувањето на Комората на труд (АК).




Секој што сака да испече торта ќе мора да ја стави раката во својот паричник многу подлабоко за одредени состојки отколку што беше случај минатата година.




Така, цената на килограм најевтино брашно од 0,41 евро колку што чинеше лани се зголеми на сегашните 0,92 евра.




„Тоа е поскапување за речиси 127 проценти“, истакна заштитничката на потрошувачите на АК Габриела Згубиќ.
Истражувањето на АК покажува дека цената на килограм најевтиниот путер се зголемила од 5,67 евра на 9,96 евра, што е пораст од речиси 76 отсто.




„Големиот проблем, покрај поскапувањето, е што често во продавниците нема поевтини производи, па потрошувачите мора да купуваат поскапи производи“, објаснува таа.




АК ги поздрави најавените мерки за олеснување на товарот на граѓаните, но смета дека Владата треба да донесе одлука и за привремено намалување на ДДВ за прехранбените производи.