Ако секоја кора ја премачкате со овој премаз, пред да го ставите филот (било сладок или солен) ќе ја добиете најмеката пита на светот.

Состојки:

  • 8 лажици брашно
  • 2 чаши млеко
  • 1 сув квасец
  • 1 шолја масло
  • сол или шеќер (во зависност од тоа која пита ја правите)
    Подготовка:

Во сад измешајте ги наведените состојки за преливот. Кога правиме пити од готови кори, без разлика дали се солени или слатки, секоја кора ја премачкуваме со овој прелив и потоа ја филуваме на вообичаен начин. Преостанатиот прелив го прелеваме врз питата и оставаме да одмори час и половина пред да се пече.

Питата ќе биде подобра и повкусна.

Advertisement
Advertisement