Додека едни го фалат неговиот професионализам, други се загрижени за условите за работа на телевизија




Кинескиот водител Хуанг Ксинчи ги загрижи локалните ТВ гледачи од Сужоу кога носот почна да му крвари додека ги читаше вестите на 11 јули.




Снимката од програмата во живо брзо стана вирална, особено поради неговата крајно присебна реакција.И покрај тоа што му течеше крв од устата, Хуанг потполно мирно продолжи да ги чита вестите со ист тон како ништо да не се случило.
По емисијата, водителот изјавил дека единствена мисла е да ја заврши работата што е можно поскоро, пренесува South China Morning Post.




Сепак, корисниците на социјалните мрежи се поделени околу инцидентот. Додека некои го пофалија неговиот професионализам, други се прашуваа зошто тој чувствува дека не може да престане да ги чита вестите за да добие помош. Некои корисници го поврзаа со наводно нечовечки услови за работа на таа телевизија.




– Не видов никаков професионализам таму. Дали беше толку тешко да се сврти камерата на колешка? Не беше сам таму – напишал еден корисник на Веибо.




Судејќи според извештајот на кинескиот портал Sohu, на водителката и се слошило поради топлотен удар предизвикан од екстремно високите температури кои деновиве се бележат во Кина.











