Астролозите предвидуваат дека август ќе биде најдинамичниот месец за нив, особено кога станува збор за љубовта




Три хороскопски знаци може да очекуваат незаборавен август, тврдат астролозите. Некој повторно ќе се сретне со стара љубов, а некој ќе заврши во љубовен триаголник. Во секој случај, за нив ќе биде многу возбудливо лето.




Во продолжение дознајте дали вашиот знак е меѓу нив…
Овен
Ова лето, вие сте ѕвездата! На крајот на краиштата, Јупитер ќе се движи низ вашата прва куќа и ќе ви донесе самодоверба. И кога се чувствувате сигурни, чувствувате и допир со вашето вистинско јас. А кога тоа ќе се случи, привлекувате љубовници. Секако, ова може да ви донесе и голем број проблеми, доколку сте во стабилна врска.




Ова лето многу мажи ќе бидат заинтересирани за вас, па во таква ситуација многу е можно да се најдете во љубовен триаголник.




Лав
Лавовите ќе бидат разгалени за избор ова лето – ќе има неколку добри можности што ќе им тропнат на вратата. Венера е во Лав, а знаете што значи тоа – повеќе шарм, повеќе харизма, повеќе љубов!




Едноставно ќе бидете магнет за мажи! Затоа и бившите партнери нема да бидат имуни на вас, па ќе ве демнат. Јупитер ќе донесе толку многу убавина во вашата авантуристичка деветта куќа, што може да доведе до средба со некој во кој *никогаш* не сте очекувале дека ќе се заљубите.




Вага
Доколку сте слободни и не сте во долга и стабилна врска, очекувајте речиси сигурно враќање на некоја стара и речиси заборавена љубов во вашиот живот.




Со оглед на тоа дека ви недостасува љубов, можно е да се обидете повторно, дури и ако не сте екстремно „жешки“ за личноста. Не заборавајте дека сега ви се дава можност да ја манифестирате врската која отсекогаш сте ја посакувале. Ги привлекувате луѓето како магнет и само треба да бидете свесни за тоа. Секој на кој ќе помислите ќе биде ваш.











