На социјалната мрежа Твитер се појави видео од градска плажа во Црна Гора, поточно во Сутоморе, која многумина на социјалните мрежи ја опишуваат како „пекол на земјата“ поради големата гужва.




На видеото можете да видите голем куп луѓе, чадори и крпи, со натпис „Сутоморе, пред малку“.




Видеото предизвика многу реакции, а се испостави дека многу луѓе навистина не го гледаат ова како идеален начин да го поминат својот одмор.




„Вака го замислувам пеколот“, „Кој друг оди на оваа место“, „Кошмар. Како сардини на оваа жештина“, „Никогаш не би бил во таа гужва. Попрво би седел дома“, се само некои од коментарите кои се појавија на Твитер.




Наскоро на неповолните коментари одговори твитерџиот кој го објави клипот и кој како што вели „практично израснал во Сутоморе“.




– Бидејќи практично пораснав во Сутоморе, мислам дека тоа не е „пекол на земјата“. Напротив, нејзините очигледни современи маани, би сакал да се поправат… Тргнете ја прекумерната гужва, а тоа е најдобрата плажа во Црна Гора и пошироко – напиша тој.
Sutomore, malopre pic.twitter.com/ELkIsW0AJY
— Dvogled Live (@dvogled) August 8, 2022











