Нема кој не сака варени домати, а ова е најдобриот рецепт за тој сок

Состојки

  • 6 кг домати (пред чистење)
  • 2 супени лажици сол
  • 4 лажици шеќер
  • кромид и лути пиперки, целер – се по вкус
    Подготовка

Добро измијте ги доматите. Исчистете и исечете ги на парчиња. Мелете со мелница за домати. Се цеди во специјална цедалка.

Истурете во тава, додадете сол и шеќер и варете. Кога ќе зоврие, варете уште 10-15 минути.

Advertisement

Загрејте ги шишињата во рерна 10 минути на 100 степени.

Истурете топли домати во топли шишиња. На секое шише ставете парче целофан натопен со алкохол или ракија, затегнете со гумена лента и ставете го капачето.

Завиткајте ги шишињата во крпа и оставете ги да се изладат 24 часа.

Advertisement