Сигурно сте пробале многу средства за да ја вратите белината на вашите завеси.

Но, сончевото зрачење, готвењето или евентуално пушењето во домот се фактори кои влијаат на „пожолтување“, а стандардните детергенти не помагаат.

Но, постои едноставен трик со кој вашите завеси повторно ќе блеснат снежно-бели.

Потребен ви е само оцет, бел алкохолен оцет. Во барабанот заедно со завесите ставете половина шолја бел алкохолен оцет, а во горната преграда стандардниот детергент што го користите.

Advertisement

На ист начин, можете да избелите сиви крпи, постелнина или чаршафи.

Постапка за белење на завеси, крпи, постелнина: Ставете половина чаша бел алкохолен оцет во барабанот на машината заедно со предметите. Измијте ги со истиот детергент како и обично. По миењето закачете ги завесите да се исушат. Не грижете се за мирисот, тој целосно ќе исчезне при миењето, пишува Good Housekeeping.

Освен тоа, оцетот е природен омекнувач кој уште повеќе ќе ги омекне вашите ткаенини.

Advertisement