На овој ден на небото над Ерусалим се појави Светиот Крст Господов




Во деновите познати како Света Педесетница, во 9 часот наутро во 357 година се јави Светиот Крст Господов, денот кога неверниците престанаа да се сомневаат! Сите оние кои се сомневаа во Синот Божји со голем страв и восхит го гледаа тој небесен знак, кој светеше со неопислива светлина, посилен од сонцето.




Причината за појавата на крстот е случајот со наследувањето на царскиот трон на Константин Велики од неговиот син Констанциј, кој бил докажан еретик. За разлика од него, сите граѓани на Ерусалим се упатиле кон црквата едногласно да го прослават името на Исус Христос.




Тогаш неверниците и еретиците, непријатели и богохулници на Христовото Божество, се исполнија со срам, гледајќи во појавата на Крстот таква голема божествена слава и сила на Господ Христос. И на тој начин самата ст чуда, пишува Курир.




Ова излагање беше причина за многумина да го прифатат Православието, да се покаат и да го добијат светото крштевање.




Според народните обичаи, треба да погледнете во небото во доцните вечерни часови, а ако видите четири ѕвезди, поставени така да формираат крст, желбата ќе ви се исполни. Исто така, денес треба да се воздржите од каква било женска работа, како шиење, хеклање, везење…




Се верува дека е многу важно вечерва да се погледне во небото и да се замисли желба. Многумина велат дека им се исполниле желбите.











