ФБ статус од Драгана
Од денес веќе не сум наставник! Некако ми звучи слободно ама истовремено и болно! После скоро 5 години!
Започнав само неколку месеци по дипломирањето на замена, имав 24 години, не знаев ништо, само ме пуштија, добив ментор кој ниту “ добар ден” не ми викаше…




Првата моја средба со колегите ми беше страшна, имаа некој совет, јас влегов никој не ме поздрави, немаше место ниту столот да го ставам. Никој не се помрдна.
Одвратна атмосфера, ама од другата страна децата ме прифатија од првиот час како да сум тука со нив со години, ми пружија огромна љубов!




Сакав да се откажам, постојано налетував на сопки и разни малверзации. Трауматични ми беа распустите кога требаше да одам а ги немаше децата.




Останував заради нив. Јас за овие 5 години предавав 6 предмети во 5 училишта, поминаа повеќе од 2000 ученици. Овде на фбков имам и родители и ученици, ова што го говорам е брутална искреност, од сите тие ученици не постои ниту едно дете што има некаква забелешка или лош збор за мене.




Децата ме сакаа премногу, јас нив повеќе, во канцеларијата за наставници немам влезено 3 години, често знаеа децата да ми речат наставничке зошто вие не седите со останатите?




Не беше лесно, а од никого немав ниту разбирање ниту помош. Се правев сама. Во главата ми беше дека не сакам да бидам како нив, не сакам да бидам авторитет на децата, така што ќе им влевам страв, ќе викам како неуротична, ќе ги уценувам со неоправдани и слаби, тоа ме правеше различна и поинаква од сите нив големите интелектуалци кои секојдневно лечат фрустрации на децата.




Бев поинаква, секогаш природна и своја на тоа ги учев и децата, сите деца, можам да гарантирам со глава, ми велеа на вашите часови ни е најубаво, кај вас учиме зошто сакаме не зошто мораме и си велев добро ја работам работата. Ама тоа ми направи колегите, посебно директорката да создадат огромна одбивност кон мене, ме оговараа и понижуваа секојдневно. А се некако доаѓаше до мене.




Издржував, зошто кога ќе отидев на работа, децата ме чекаа на прозорец , да ме видат од двор, ми се радуваа, беа со мене на одморите, се трудев да им бидам другар, со мене се чувствуваа слободни, родителите ми пишуваа пофални зборови и така ден за ден поминаа 5 години.




Не жалам.
Можеби за овие 5 години ќе се вработев некаде на подобро место, сигурно за подобра плата… Ама не жалам.
Работев тоа што го сакам, се ужаснував кога ќе слушнев од колешките ајде нека дојде распуст да не ги гледаме веќе “ дечиштата”.




Работат со деца луѓе кои не може да ги гледаат!!! Ова го тврдам и е ужас.
Во Ѓорче имаме промена на градоначалник, вие сите овде ме пратите со години и го знаете моето партиско определување и каков активист бев за време на револуцијата.




За да останам да ја работам работата што ја сакам не добив помош од мојата ете да ја наречам партија, не им бев важна се наместија на позициите, гледаа да се пијанчат, да грабаат станови и да имаат швалерки, толку беше нивното. И секако разочарана одамна ја изгубија мојата поддршка.
Дојдоа Вмро, дојде еден доктор, од старт ми делуваше дека е човек, мислев ја научиле лекцијата, дека нема да прават реваншизам, дека тоа е веќе застарено.




Вчера на распределбата на часови, истиот овој доктор кој полагал хипокритова заклетва, рекол Драгана на минимум часови, останатите часови, ми ги даваат на наставници кои не се вработени во моето училиште, замислете кој апсурд! Колку провидно, ниско и нечовечно!




Нека им служи на чест, јас иако филозоф по вокација, сум голем верник и на сите нив им го оставам господ! На се доаѓа крај! Кога ќе свири крај големиот судија од горе тогаш нека му ја мислат овие кои рушат човечки животи со насмевка и без да трепнат.




Ми даде минимум за да си отидам сама, ако ме избркаше имав основ да ги тужам,имам и сега, ама не сакам! Доста е!
За овие 5 години, добив дијабетес, плус 20 кг, тироидна во никаква функција, од постојан притисок и стрес, стварно е доста.




Можам уште долго да пишувам, поентата ми е да не објаснувам поединечно,да видат вака, а на останатите да им укажам дека овде кај што живееме никогаш нема да го гледаат квалитетот, само партискиот основ, да им препорачам на моите ученици! Бегајте од оваа проклета држава колку ве држат нозете!




Во петок имаат полуматура моите полуматуранти, кога го правеа списокот да канат наставници, моето име го кажале прво, секако на огромно незадоволство од дитекторката и имала забелешки на истото, децата ми кажаа, наставничке оваа се бунеше зошто вас прва ве каниме, потоа дојдоа поканите да ми ги дадат исто прво на мене!




Деца снимајте се и праќајте ми да ве видам убави и среќни, јас морам строго да мирувам, ете единствено за тоа ми е тешко, ама јас ќе се оправам а ние ќе се видиме на некое подобро место! Среќно полуматуранти!












