Изобилството на антиоксиданси помага да се смират воспаленијата во организмот, инаку честа причина за многу хронични заболувања

За семките од анасон се повеќе се пишува поради нивните одлични состојки кои се нискокалорични и богати со важни хранливи материи. Богат е со растителни влакна, витамини Ц, Е и К, како и минерали како што се калциум, магнезиум, цинк, калиум, селен и железо.

Според една студија објавена пред една деценија, состојките во семките од анасон може да бидат корисни за луѓето кои страдаат од срцеви заболувања. Тие можат да ги прошират крвните садови кои водат до срцето и да го намалат притисокот, да ги опуштат и да му помогнат на срцевиот мускул подобро да се храни.

Влакната се одлични за сите кои страдаат од метаболички синдром. Тие помагаат во намалување на холестеролот во крвта, го намалуваат ризикот од артериски наслаги и срцев удар.

Advertisement

Семето од анасон можете да го користите и против грчеви во стомакот, за подобрување на варењето и во борбата против вишокот килограми.

Искористете ги семките од анасон така што ќе ги сомелете во прав во блендер и ќе ги додадете во сите печива и јадења во кои сте ставиле брашно.

Можете да подготвите и чај од вода или анасон. Три лажици семки прелијте ги со чаша вода, покријте и оставете да отстои преку ноќ. Се процедува наутро и се пие полека во текот на денот.

За чај, доволна е една лажица семки по чаша вода. Оставете да се вари на тивко неколку минути, поклопете и почекајте да се излади, па процедете. Најдобро е да се пие навечер.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

Advertisement