Денис Василевски-Толку многу сакав семејство, а, сега не можам да го прехранам!

A мојот живот може да се напише роман. Многу тешко и жално детство имав. Можеби не трпев за леб, но, патев што немав како и секое дете, кому да речам мамо и тато.

Во тоа време, се ќе дадев само да имав живи и здрави родители. Но, мене ме порасна брат ми. Од шестата година сум сираче. И, затоа си ветив, кога ќе станам возрасен, ќе создадам семејство, кое ќе има кому да вика, мамо и тато.

Со сопругата се заљубивме и, иако, таа е муслиманка, а, јас христијанин, и иако, имавме препреки од нејзиното семесјтво, на крајот победи нашата љубов.

Advertisement

Шеснаесет години со семејството живеев под кирии, по паркови кога не сум имал пари за кирија. Се трудев, работев, само да им обезбедам кров и храна. Имам четири деца, две од нив ми се со посебни потреби-започнува да ја раскажува Денис својата приказна за емисијата „Срце на дланка„.

Овој татко, со децата некогаш спиел и под отворено небо. Бил принуден и да проси. Пред три години Денис се вработува во една приватна градежна фирма, и, со поддршка од газдата тој подига кредит од 5000 евра. Со половината купува 120 м2 плац, а, со остатокот гради една соба, бања и ходник, само да излезе од светот на макотрпните кирии. Но, не ни верува дека ќе влезе во еден друг уште пострашен свет. Свет на долгови, свет на камати и извршители, кои секојдневно му ѕвонат и дополнително му ја отежнуваат состојбата. Во пандемијата тој останува без работа, и три години не може да пронајде ништо со кое би носел храна за децата, а би останале средства и за достасаните обврски.

– До пред пандемијата бев вработен. И, еден ден газдата ме викна и ми рече, Денис вака повеќе не можеш. Подигни кредит и купи плац, па, изгради макар една соба за децата да имаат свој кров над глава. Размислив и знаев дека има право. Подигнав кредит и направив како што ми кажа. Но, не знаев дека ќе дојде пандемија и дека јас ќе останам без работа, а моите деца без леб-продолжува Денис.

Денис се бори со животот. Со години не знае што е мир. Се соочува со сериозни проблеми. Принуден е и да собира пластика и железо за да донесе корка леб за најмилите, кои многу често одат и гладни и боси. Да не се соседите да им подадат помош, тие досега и не би биле живи. Во зима со месеци не стануваат од постела,за да не премрзнат. Живеат на свеќи и сув леб. Некогаш и без тоа. Но, најтешко му е вели Денис, што здравите деца не може да ги залаже, зашто тие веќе знаат дека и овој како и претходниот ден, татко им не обезбедил храна и облека за нив.

– Од почетокот на пандемијата останав без работа. Не можев да го враќам кредитот и банката ме даде на извршител. Им викам, разберете ме, немам за храна за децата, немам никаков приход, немам сила да враќам кредит. Зарем јас не сакам да се раздолжам и да живеам мирно. Секој ден со часови гледам во телефонот, само некој да не заѕвони и да ме викне на работа. Но, со години никој не ме бара. Исто толку години и моите деца гладуваат-додава Денис.

– Немам од каде да им купам леб. Цел ден го чекаат татко им. Јас им велам, чекајте сега ќе дојде ќе донесе леб, но, тие, плачејќи ќе заспијат, како да знаат дека повторно татко им не успеал да се снајде-вели Сабина, сопругата на Денис.

– Во училиште ни се смеат. Сите излегуваат на одмор да си купат за јадење, а, ние, седиме во училницата сами. Ако наставничката ни даде 20 денари ќе си купиме кроасанче, ако не си одиме дома гладни. И дома немаме што да јадеме. Во училиште одиме со искинати патики. Децата не сакаат да зборуваат со нас, зашто сме сиромашни-раскажуваат Дијана и Никола, децата на Денис.

Не постои родител кој не го посакува најдоброто за својата фамилија. Да може и парче душа би откинал од себе само да не ги гледа солзите на најмилите. Малку треба за човек да биде среќен барем во случајот со Денис, кој бара мала помош за да излезе од оваа за него голема криза

Сите што сакате да му помогнете на Денис Василевски, тоа можете да го направите на телефонскиот број 077/854865 или на следната трансакциска сметка 200002545685937

Advertisement