Како правилно да се готви оризот? Нема да верувате колку грешите
Како правилно да се готви оризот? Нема да верувате колку грешите




Лесно се вари и придобивките од неговото консумирање се многубројни. Но, како и сите други житарки, има 2 недостатоци – ја стимулира дебелината и го зголемува ризикот од дијабетес. Посебно опасен е белиот ориз кој содржи 200 калории во шолја. Но, научниците и готвачите докажаа дека со само еден едноставен трик можете да ги преполовите калориите. „Го готвам оризот на вообичаен начин. Единствената разлика е што во зовриена вода пред да го додадам оризот ставам кокосово масло, околу 3% од количината на оризот. Откако ќе зоврие, го оставам во фрижидер 12 часа“, објаснува д-р Судхаир Џејмс.




Што се случува во оваа постапка? Со готвењето, скробот во оризот станува лесно сварлив, па телото го претвора во шеќер, а резервниот шеќер – гликоген дополнително се складира како маснотии. Со додавање на липид, во овој случај кокосово масло, структурата на оризот драстично се менува.




Ладењето е исто така многу важен дел од овој процес, што му помага на скробот да се стврдне, така што оризот станува помалку калоричен, дури и ако потоа повторно се загрее. Тоа е се! Веќе знаете како правилно да готвите оризот!











