Марија Јаневска, која за многумина позната по Белешките на Лајла Грејс, е воедно и дел од медицинската фела, неодамна донесе сериозна животна одлука и се пресели во Белгија.

Таа во Фејсбук статус отворено говори за тешкотиите, но и убавините на преселбата:

Секоја промена е тешка.

Откако се преселив освен огромното чувство на постојан и непрекинат страв, научив и дека најлесно е ако само престанеш да мислиш и “скокнеш” во сето тоа.

Advertisement

Доаѓаш во средина каде не знаеш никого, немаш родители, ни пријатели, ни љубов. Немаш дом, немаш кола, не знаеш јазик и појма немаш од основни работи, како на пример како да испазариш во маркет во кој нема англиски на ниеден производ и наместо половина час во маркет поминуваш 3 часа со гугл транслејт на телефонот во рака.

Па те фаќа дожд, преморена после работа, па немаш превоз, па доаѓаш дома сама, преморена и наврната. Појма немаш како се вади сметка во банка, не знаеш возни линии на јавен транспорт, ниту како да стигнеш од дома до работа. А ако успат треба да направиш и нешто трето, тоа е веќе научна фантастика.

И како поминува времето, наеднаш се навикнуваш. Наоѓаш пријатели, фасцинираноста од нивната пријатност и од самиот град те тера да заборавиш на стравот и стресот полека се топи. Наоѓаш нов дом.

И во сето ова, и покрај тоа што се си чував во себе, некои луѓе едноставно знаеја без да им кажам и беа тука и кога не ги барав и кога не ми се збореше и кога се смеев со сила. Овој месец научив една многу важна лекција за луѓето во мојот живот, а тоа е дека километрите се ништо.

Луѓето сами бираат колку ќе бидат блиску или далеку еден од друг.

Advertisement