Актерот призна дека и самиот бил жртва на насилство од врсници.




Актерот Саша Јоксимовиќ (40) неодамна на социјалните мрежи откри дека неговиот син е жртва на насилство од врсници.
Имено, Саша утрово беше гостин на утринската програма на Прва, а по тој повод откри низ каква агонија поминал неговиот наследник.




– Се случи инцидент во моментот кога врсник, можеби помлад од него, му се заканил дека ќе го претепа. Во еден момент помислив дека можеби ме лаже, пубертет е затоа што има 13 години итн… И му велам ајде да го најдеме, да видиме дали тоа навистина се случило.




И навистина, отидовме во паркот и таму беше неговиот татко, многу деца. Му пријдов и му реков: „Здраво, ајде, дај ми го тој боксер“. Ме гледа толку чудно и ми вели: „Па, не, се шегував“. И тука се заврши убаво, родителите беа таму и разговаравме, и рекоа дека нема да се повтори, да се дружат убаво, дека е голем парк, парк за сите.




Ветија дека ќе биде така и помина – вели Јоксимовиќ, кој додава дека по една недела ситуацијата се повторила, но неговиот син и пријателите биле заштитени од човек кој тогаш бил во паркот.




– По седум дена се случува син ми повторно да биде со другарите во Чубурац, а истите момчиња им се закануваа со палки, боксери, ги пцуеја… За среќа, еден човек ги заштити.




-Кулминацијата на сето тоа се случи кога отидов кај Ивањица, играв претстава, бев во комбе, ми се јави син ми и ми рече: „Дојди сега во Чубурац“. Го прашувам што се случило, ми вели дека му ги украле парите и го полиле со вода. Бев вжештен, револтиран и потоа објавив видео на Инстаграм. Тогаш добив многу пораки од родители кои ми пишуваа дека се соочуваат со истите проблеми.




– И јас бев жртва на врсничко насилство – изјави на крајот Јоксимовиќ.
Дали и вашето дете се нашло во ваква ситуација СПОДЕЛЕТЕ ГО ВАШЕТО ИСКУСТВО СО НАС ВО КОЕМТАР!











