Ема Морано беше една од најдолговечните жени во светот и се хранеше на свој начин.

Италијанската пензионерка Ема Морано важеше за една од најстарите Европејки. Таа доживеала 117 години и била здрава и витална до крајот на животот.

Родена на 29 ноември 1899 година во Италија, Ема живеела до 15 април 2017 година, станувајќи последната личност родена во 19 век. Како суперстогодишник, таа влезе во историјата како четврта најстара Европејка досега, пишува

Нејзината исхрана била многу едноставна и се држела до рутина секој ден. Секој ден јадела по три јајца, од кои две сурови, а навечер пиела по една грапа – лозова ракија. Оваа диета, која ја усвоила откако и била дијагностицирана анемија, била нејзина рутина повеќе од 90 години.

Advertisement

Кон крајот на животот, Ема го намалила внесот на храна, но сепак била во релативно добра здравствена состојба. Нејзиниот доктор Карло Бава, кој ја следел речиси три децении, истакнал дека Ема ретко консумирала овошје и зеленчук, но се држела до својата рутина за јајца.

Нејзината весела долговечност ја припишала и на немањето сопруг откако нејзиниот не толку весел брак заврши во 1938 година.

„Не сакав никој да ме доминира“, рече таа.

Advertisement