Модар патлиџан во тегла: Популарен рецепт за најдобрата зимска салата!

Најдобрата зимска салата која можете да ја замислите. Освојува со својот вкус.

Состојки: 5 кг големи месни модри патлиџани, 2 литри оцет, 400 гр. сол, 300 мл масло за јадење, 4-5 чешниња лук, 1-2 китки магдонос,
зрна црн пипер

Подготовка:

Advertisement

Измијте ги модрите патлиџани и без лупење исечете ги на кругови со дебелина од 1 сантиметар. Посолете ги со 400 гр сол и оставете ги да отстојат 4-5 часа, па потоа измијте ги.

Ставете 2 литри вода и 2 литри оцет заедно и оставете ги да зовријат. Во оваа смеса потопете ги модрите патлиџани. Варете ги околу 10 минути, а потоа тргнете ги од оганот и оставете ги да се изладат.

Маслото за јадење се загрева и оставете да се излади а во него оставете ги малку модрите патлиџани, па потоа редете ги во тегли.

Меѓу нив меѓу секој ред посипете сечкан лук, магдонос и зрна бибер. Модрите патлиџани, така ставени во тегли, се полеваат одозгора со изладеното масло и се стерилизираат 30 минути.
Пријатно!

Advertisement