Вкусни, меки и сочни палачинки бараат добар рецепт, односно додавање на некои тајни состојки на веќе класичниот рецепт – брашно, јајца, сол/шеќер и млеко.
За секој пат да излегуваат совршени, во смесата треба да се додаде малку сода бикарбона.
Компоненти:
- 1 јајце
- 200 мл млеко
- 250 мл вода
- 200 гр брашно
- прстофат сол
- 1/4 лажичка сода бикарбона
- 2 лажици масло
- Масло за премачкување на тавата
Подготовка:
Соединете ги сите течни состојки, а потоа додадете брашно, сол и сода бикарбона. Добро изматете ја смесата да нема грутчиња. Додадете го маслото на крајот и повторно измешајте сè.
Загрејте ја тавата за палачинки на максимална температура, па намалете ја малку (7 од 9 делови). Печете ги палачинките, наредете ги една врз друга, а садот покријте го со готовите палачинки. Така подолго ќе останат топли, а следниот ден ќе бидат исто толку меки и вкусни.
Наполнете ги палачинките со сладок или солен фил по желба.











