Крцкавиот помфрит може да се подготви без капка масло




Помфритот е идеален прилог со плескавици или некое месо на скара. Сепак, многумина го користат и како главно јадење, а не како прилог.
Сепак, поради начинот на подготовка кој бара пржење во големи количини масло, помфритот е храна која воопшто не е најздравиот избор.




Сепак, можно е да се подготви и без масло, а вкусот ќе биде подеднакво добар благодарение на една состојка.
Тајната е во варосуването
Освен компири, за оваа поздрава варијанта на помфрит ќе ви требаат белки и зачини по вкус.




За почеток, излупете ги компирите и исечете ги за да добијат форма на помфрит. Потоа валкајте го во изматени белки во кои претходно сте додале зачини по желба.




Наредете го помфритот на плех обложен со хартија за печење и печете го во загреана рерна на 200 степени додека не порумени. Времето за печење ќе зависи од јачината на рерната.











