Арапската торта е идеален кремаст десерт за топлите денови. Не мора да поминувате часови покрај шпоретот правејќи филови, само треба да одвоите десет минути и да ги измешате сите состојки! Овој уникатен десерт сигурно ќе ги задоволи сите, а вкусот е неопислив.
Рецептот кој ви го претставуваме досега го погледнале повеќе од 1,5 милиони луѓе, а кога ќе видите како изгледа, ќе сфатите и зошто.
Компоненти:
- 250 грама бисквити
- 3 лажици путер
- малку цимет
- 180 мл кондензирано млеко
- 180 грама крем сирење
- едно цело јајце
- вкус на ванила
- 4 урми и ореви
- 60 грама сечкани бадеми
- прелив со карамела по желба
- Како да направам?
Доколку не е мелен бисквит добро сомелете го и измешајте го со претходно стопен путер. Калапот обложете го со хартија за печење и добиената смеса префрлете ја во неа рамномерно, пишува Glossy.
Во еден сад измешајте го кондензираното млеко со јајцето, крем сирењето и аромата на ванилата, па убаво изматете. Истурете ја врз кората за бисквити. Посипете со сечкани урми и ореви, а потоа со листови или ситно сечкани бадеми.
Се пече околу 20 минути во рерна загреана на 180 степени. По желба можете да наросите прелив со карамела.











