Секој знак од Зодијакот ги има своите најпривлечни карактеристики, а два од нив можат да се пофалат со најголема интелигенција.




Астролозите велат дека Водолија и Скорпија се најпаметните знаци на хороскопот, но од две сосема различни причини, пишува Stil.kurir.rs.




Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.




Скорпиите имаат сосема поинаков вид на интелигенција. Луѓето родени во овој знак имаат неверојатна дарба да го гледаат и разберат светот околу нив на крајно реален начин.




Сето ова не значи дека другите знаци на Зодијакот не се интелигентни, но да речеме дека овие двајца, Водолија и Скорпија, се издвојуваат во овој поглед. Сепак, Близнаците и Вагите имаат и големи ментални способности, додека Ракот и Рибите имаат многу силна емоционална интелигенција.




Исто така, Бикот, Девицата и Јарецот се украсени со еден вид практична интелигенција, додека огнените знаци – Овен, Лав и Стрелец, имаат многу силна интуиција, која им помага да преземаат добри ризици и да бидат на водечки позиции.











