Летувал на југот на Албанија




Цените на пакетите и трошоците за одмор се актуелна тема во секоја сезона. Информациите од прва рака често се достапни на социјалните мрежи. Вака овој пат своето искуство го сподели турист од албанското крајбрежје.




Еден наш сонародник во групата „Одмор во Албанија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија од сметка од ресторан лоциран во Ксамил, одморалиште на југот на Албанија.




Со фотографијата го напиша следново:




– Ксамил, 21.7. 2022 година, рибен ресторан во близина на централниот кружен тек во Ксамил. 1 кг школки, 1/2 кг лигњи, 1/2 кг гамбор, две грчки салати и пијалок. Секоја препорака! – напиша тој, заедно со сметката со цената.




Се што се јадело и испиело го чинело 3.370 леки .Според тоа, вредноста на оваа сума во денари е – 1.770 денари.
ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ ДАЛИ Е ОВА СКАПО ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР!












