Посебен рецепт за ѓевреци – се прават од 4 евтини состојки

Направете ѓевреци со мак, нешто многу вкусно и со малку состојки.Ова е рецептот:

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр. брашно
  • 250 мл. вода
  • 3 лажици масло (плус за премачкување)
  • 1 сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • мак и сусам за горе

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
    Се става брашното во вангла, па во него квасецот со шеќер. Се прави вдлабнатина, се става вода и масло, па половина сол и се замесува тесто.

    Advertisement

    Пред крајот на месењето се става и остатокот од солта.
    Измачкајте го тестото со масло и оставете го 30 минути на топло.
    Премесете и поделете го тестото на 5 дела, па направете ѓевреци.

    Ставете ги на плех со хартија и масло, па оставете ги 30 минуит да нараснат.
    Загрејте ја рерната на 200 степени, па испрскајте го тестото со вода, ставете сусам и мак и печете.

    Нека се печат 30 минути додека не добијат златна боја.

Advertisement