Не го игнорирајте!
Тромбозата предизвикува бројни симптоми, но има и такви кои се појавуваат во еден период и го најавуваат самиот почеток на формирање на тромби. Многу е важно кога ќе ги забележите првите знаци дека нешто не е во ред, веднаш да се јавите кај вашиот лекар.




Редовната контрола на холестеролот и крвната слика е една од главните превентивни мерки, но слушањето на телото понекогаш може многу да помогне.




Тромб е згрутчување на крвта што може да биде опасно за срцето ако се заглави во крвен сад и го спречи протокот на крв. Тромбозата генерално не произведува карактеристични знаци и може да доведе до срцев или мозочен удар, како и до смрт.




Зголемени грчеви и ненадејна болка во нозете
Ако чувствувате остра или пулсирачка болка во мускулите на потколеницата, ова е дефинитивно предупредувачки знак. Ако имате згрутчување на крвта, болката ќе се намали веднаш штом ќе ја подигнете ногата.




Променета боја на кожа
Згрутчувањето на крвта го спречува правилното циркулирање на крвта, поради што кожата ја менува бојата, црвенилото и модринките. Местото каде што се наоѓа згрутчувањето на крвта може да биде топло, но и да чеша.




Отокот
Може да се појави насекаде, но најмногу таму каде што крвниот сад е блокиран.
Болка во стомакот




Карактеристично е што болката се зголемува веднаш по оброкот. Надуеноста и дијареата исто така не се невообичаени.
Постојана мачнина
Не се јавува толку често, а обично е придружена со отежнато дишење и брз замор. Ако и вие се чувствувате уморни, тогаш ова може да биде знак дека имате згрутчување на крвта во еден од крвните садови кои снабдуваат крв до делови од цревата.











