Потребни состојки: 1,8 кг. брашно, 2-3 лажици сол, 1 јајце, 1 л. јогурт, вода и масло по потреба.

Постапка:

Во подлабок сад со брашно се додава сол и вода по потреба.

Се прави каша со густина како за палачинки

Advertisement

Кашата треба да отстои една вечер.

` Во отстоената каша се додава 1 јајце и 1 л. јогурт.

По потреба се додава малку вода и сол.

Тепсијата се загрева во рерна на 250 степени неколку минути.

Решетката на која е ставена тепсијата претходно е наместена погоре, поблиску до горниот греач.

Потоа се вади и се попрскува со масло.

Со црпалка се нанесува каша во тепсијата.

Кашата се попрскува со масло и тепсијата се враќа во рерна.

Откако ќе се потпече првата кора тепсијата се вади од рерна.

Врз првата кора се нанесува нов слој од кашата и се попрскува со масло.

Истата постапка се повторува се додека не се исполни тепсијата.

Откако ќе се потпече последната кора, се сече во форма на баклава и се попрскува со масло.

Тепсијата се става во средина на рерната и ѓомлезето се пече уште 40-тина минути.

Температурата на почеток е 220 степени, а потоа се намалува на 180.

Advertisement